Топ производи
Производители
Е-информатор
Предходни Производи

Ашваганда 450 мг 100 капсули

Ашваганда (лат.Withania somnifera) или т.н. зимска цреша е една од престижните и витално важните билки во Ајурведската медицина која старите хиндуси ја користеле уште пред 2000 години.
Производител: SWANSON
0,00 ден.

Нарачки на телефон: (+389)(2)2403311

Ашвагандата е во суштина ниска грмушка со мали зелени цветови и портокалово-црвени плодови која води потекло од повеќе различни региони во Индија.

На Санскрит оваа билка значи „мирис на коњ”- индицирајки ја притоа моќта на оваа билка која дава здравје и снажност на организмот како онаа на младите коњи. Старите Хиндуси ја користеле ашвагандата уште пред 2000 години како енергетик кој го подмладува организмот, за подобрување на менталното здравје и зголемување на физичката сила, репродуктивната способност, како и за зголемување на отпорноста на организмот кон настинки, грип и инфекции.

Најчесто се употребува за подобрување на виталноста и општата здравствена состојба, особено кај лица кои се опоравуваат од тешки или хронични заболувања.

Употреба: Како додаток во исхраната,  се земаат 1-2 капсули 2 пати на ден со вода.

Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Тагови
Корисните кои го нарачаа овој производ истотака нарачаа

Мака 500 мг 60 капсули

Мака (Lepidium Meyenii) е билка која има корен во вид на ротквица и расте на висока надморска височина на падините на Андите во Јужна Америка. Оваа древна легендарна билка е позната како афродизијак и тоник за подобрување на целокупното здравје.
0,00 ден.

Босвелија и Куркумин 60 капсули

Овој производ ги соединува Босвелија и Куркумин – древни билки кои што се користат како суплементи во зачувување на здравјето.
0,00 ден.

Матичен млеч 1000 мг 100 гел капсули

Матичниот млеч (кралско желе) е најважен и најхранлив пчелин производ. Млечот го произведуваат пчелите со мешање на мед, полен и со посебни ензими.
0,00 ден.