Топ производи
Производители
Е-информатор

Масло од ленено семе 1000 мг 100 гел капсули

Маслото од ленено семе содржи Омега-3, Омега-6 и Омега-9 есенцијални масни киселини кои се во природен идеален сооднос.
Производител: SWANSON
$0.00

Нарачки на телефон: (+389)(2)2403311

Исто така содржи витамини од Б групата, калиум, лецитин, магнезиум, растителни влакна, протеини и цинк. Се до неодамна експертите веруваа дека најдобриот извор на Омега 3 се рибините масла. Но, некои испитувања покажуваат дека маслото од ленено семе содржи два пати повеќе Омега 3 есенцијални масни киселини отколку продуктите од рибино масло. Некои нутриционисти, истражувачи и научници веруваат дека маслото од ленено семе можеби е најважниот додаток за подобрување и одржување на здравјето. 

Овој производ помага:

- во намалување на нивото на маснотии, во подобрување на метаболизмот на истите и се од голема помош за одржување на срцево-садовиот систем;

- при проблеми со скелетно-мускулниот систем;

- кај промени на кожата, алергии, акни и првут;

- во потхранување и одржување на нервниот систем и мозокот, помага во подобрување на меморијата, концентрацијата и расположението;

- во зајакнување на имунитетот и како помош за генерално одржување на здравјето на целиот организам. 

Употреба: Како додаток во исхраната, се зема 1-3 гел капсули дневно.

Не се препорачува употреба на овој производ кај бремени жени и доилки.

Да не се надминува препорачаната дневна доза. ДОдатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца. 

Тагови