Тиквата е едногодишно растение кое се одгледува во топлите краеви на светот. Се користи во исхраната и изработка на одредени препарати.
Благотворното дејство на семките од тиква се должи на присуството на многу витамини, минерали, ензими, разни пектини, каротен, протеини, фитостероли, незаситени масни киселини (Омега-3 и 6), фолна киселина, витамин Е и други. Од богатиот состав на семките од тиква го издвојуваме присуството на витамините од групата Б (Б2, Б3, Б6, Б15, фолна киселина и ниацинот), минералите цинк, железо, манган, фосфор, магнезиум, бакар.
Поради богатиот состав и својства овој производ помага кај проблеми со простатата, уринарни инфекции, зголемени маснотии, артритични промени, проблеми со срцево-садовите заболувања, кај шеќерна болест, при појава на глисти во дигестивниот тракт (пантличара), промени на кожата, изгореници и испукана кожа.
Досегашните искуства во користењето на семките од тиква зборуваат дека во комбинација со назабената палма одлично делуваат кај проблемите со зголемена простата.
Помага:
- При проблеми со простатата;
- Кај уринарни инфекции;
- Кај зголемени маснотии;
- Кај проблеми со срцево-садови заболувања;
- За подобрување на имунитетот;
- Кај проблеми со дигестивниот тракт (глисти, пантличара);
- Кај разни промени на кожата;
- За подмладување на организмот и заштита на црниот дроб.
Употреба: Како додаток во исхраната, се зема 1-2 софтгел дневно. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца.