Топ производи
Производители
Е-информатор

Заштитна крема со цинк и пчелин восок

Труди заштитната крема со цинк и пчелин восок се препорачува за секојдневна нега при менување на пелени. Идеална е за заштита на пеленската регија од иритација, црвенило и појава на алергија од пелени и исто така помага за ублажување на овие тегоби кај децата.

Нарачки на телефон: (+389)(2)2403311
$199.00

Оваа богата хранлива крема содржи цинк оксид кој создава неповолна околина за микроорганизмите, како и пчелин восок кој создава заштитен слој и ефикасно ја штити кожата од надразби. Бисабололот ја смирува иритираната кожа додека хранливите состојки од маслото од африканското ши дрво и кокосот со својот висок процент на незаситени масни киселини, витамин А и Е ја хранат и заштитуваат кожата од исушување и црвенило, овозможувајки притоа долготрајна хидратација и мекост. Труди заштитната крема ја забрзува регенерацијата на кожата и создава заштитна бариера а притоа не го попречува природното дишење на кожата.

Корисните кои го нарачаа овој производ истотака нарачаа

Хидратантна крема со прополис

Труди хидратантната крема со прополис има извонредни хидратантни, омекнувачки и заштитни својства. Со својот состав е прилагодена на чувствителната детска кожа. Употребата на оваа крема е препорачлива при изложеност на надворешни влијанија како ветар, студен воздух и сонце кои можат да ја иритираат нежната детска кожа и да предизвикаат црвенило или рапавост.
198,00 ден.