Ашваганда 450 мг 100 капсули
Ашваганда (лат.Withania somnifera) или т.н. зимска цреша е една од престижните и витално важните билки во Ајурведската медицина која старите хиндуси ја користеле уште пред 2000 години.
Нарачки на телефон: (+389)(2)2403311
Ашвагандата е во суштина ниска грмушка со мали зелени цветови и портокалово-црвени плодови која води потекло од повеќе различни региони во Индија.
На Санскрит оваа билка значи „мирис на коњ”- индицирајки ја притоа моќта на оваа билка која дава здравје и снажност на организмот како онаа на младите коњи. Старите Хиндуси ја користеле ашвагандата уште пред 2000 години како енергетик кој го подмладува организмот, за подобрување на менталното здравје и зголемување на физичката сила, репродуктивната способност, како и за зголемување на отпорноста на организмот кон настинки, грип и инфекции.
Најчесто се употребува за подобрување на виталноста и општата здравствена состојба, особено кај лица кои се опоравуваат од тешки или хронични заболувања.
Употреба: Како додаток во исхраната, се земаат 1-2 капсули 2 пати на ден со вода.
Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца.