RSS

Блог

Цимет 375 мг 180 капсули

Циметот е сладок зачин кој се деривира од внатрешната кора на гранките од циметовите дрвја кои растат најчесто во тропските предели на Индија, Југоисточна Азија, Јужна Америка и Карибските острови. Употребата на циметот е позната уште од пред илјадници години и била високо ценета меѓу многу древни цивилизации.

Циметот содржи голем број на природни компоненти со биолошка активност како на пример две волатилни масла - цинамалдехид и еугенол. Овие компоненти се во голема мера одговорни за пријатната арома на овој зачин. Циметот исто така содржи природни антиоксиданти наречени катехини и проантоцијанидини кои го забавуваат стареењето и го намалуваат ризикот од канцер и други заболувања. Овие активни состојки помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта и го намалуваат ризикот од појава на дијабет тип 2 - нарушување кое се појавува кога организмот престанува да продуцира инсулин или пак клетките стануваат инсензитивни на овој хормон. Во една клиничка студија објавена во весникот на Американскиот Борд за Фамилијарна Медицина- испитаниците со дијабетес тип 2 кои земале цимет во форма на капсули имале намалени нивоа на хемоглобин А1Ц-кој е важен маркер кај дијабетесот од овој тип.

Освен регулацијата на глукозата во крвта и намалувањето на холестеролот, циметот исто така помага во:

- Намалување на болката кај болни од артритис;

- Превентивно делува кај згрутчувања во крвта;

- Го зајакнува телесниот имун систем;

- Ги стопира габичните инфекции кои се резистентни на медикаменти;

- Помага кај лошо варење на храната;

- Ја редуцира брзата репродукција кај клетките на лимфатичен канцер и леукемија;

- Претставува одличен извор на витални нутриенти- како на пример калциум, манган и железо.

Улогата на коензимот Q10 во одржување и подобрување на човековото здравје

Вистинското здравје започнува на клеточно ниво – а нашето тело содржи грубо пресметано околу 75 трилиони клетки. Митохондриите се круцијални органели во клетката кои произведуваат најголем дел од клеточната енергија. Коензимот Q10 е витален ензимски антиоксидант во митохондриите кој најчесто е дефицитарен кај многу индивидуи.

Коензимот Q10 е антиоксидантен ензим во митохондриите. Овој анти-оксидант ги регенерира другите антиоксиданти како на пример витаминот Е и им помага на митохондриите да го искористат енергетикот АТП (аденозин трифосфат) од храната која ја внесуваме. Повеќе од 75% од нашата телесна енергија се произведува преку употребата на коензимот Q10.

Симптоми на ниско ниво на коензим Q10 во клетките се:

Хроничен замор

Фибромијалгија

Склоност кон заборавање

Алцхајмерова болест

Деменција

Паркинсонова болест

Срцеви заболувања

Хипертензија

Болки во мускулите и зглобовите

Ментален замор

Депресија

Иритабилност

Главоболки/мигрени

Слаб имунитет

Губење и недостаток на коензимот Q10:

Постојат два главни фактори кои водат до дефицит на коензим Q10:

  1. Редуцирана биосинтеза;
  2. Зголемено искористување на овој витален ензим од страна на организмот.

Биосинтезата е главниот извор на коензим Q10. За процесот на биосинтеза потребни се најмалку 12 гени а мутациите во многу од нив предизвикуваат недостаток на коензим Q10. Неколку други генетски дефекти како на пример мутација во митохондријалната ДНК исто така има големо влијание. Некои хронични болести како канцер, срцеви заболувања и сл., можат исто така да ја редуцираат биосинтезата и да ја зголемат потребата од коензимот Q10 во организмот.

Некои животни навики како диета богата со шеќери и брза храна, пушење, недоволно спиење, недоволна физичка активност или прекумерен замор ја зголемуваат употребата на овој ензим и на тој начин ги намалуваат нивоата на коензимот Q10 во организмот. Хронични инфекции, загадена животна средина и високи нивоа на емотивен стрес исто така ги исцрпуваат нивоата на овој витално важен ензим во организмот.

Коензимот Q10 го има во секоја клетка од телото но е присутен во повисока концентрација во органи со повисока енергетска побарувачка како бубрезите, црниот дроб и срцето. Како што старееме, ја губиме залихата на коензимот Q10, посебно во срцето. Во осумдесетата година од животот продукцијата на коензимот Q10 е намалена за 50% од онаа кога сме имале дваесет години. Коензимот Q10 игра огромна улога во снабдувањето со енергија на срцето и ѕидовите на крвните садови.

Докажано е дека најпопуларните медикаменти за снижување на холестеролот, наречени статини (на пр. Lovastatin, Сimvastatin, Fluvastatin), ја намалуваат продукцијата на коензимот Q10 дури до 40%. Но, за жал, многу лекари не се свесни за овој факт и продолжуваат да ги препорачуваат овие медикаменти за снижување на холестеролот без да препорачаат суплементација со коензим Q10.

Ниско ниво на коензимот Q10 и хронични заболувања:

Лицата со канцерогени заболувања обично имаат ниско ниво на Q10 во клетките. Ова ја ограничува нивната способност за превенција од оксидативен стрес кој цели кон нивната ДНК и води до изменета целуларна функција и абнормален развој на клетките.Суплементацијата со коензимот Q10 се покажува ефективна кај забавување на растот на канцерогените клетки и превенирање на неговиот развој.

Коензимот Q10 исто така го подобрува здравјето на мозокот и ја намалува зачестеноста и интензитетот на мигренозните главоболки. Ниското ниво на коензим Q10 е исто така поврзано со дегенеративни невролошки заболувања како Алцхајмерова болест, деменција и Паркинсонова болест. Суплементацијата со коензимот Q10 ги зајакнува митохондриите на нервните клетки и е моќна одбрана од невролошка дегенерација. Многу студии демонстрираат дека коензимот Q10 ја редуцира оксидацијата и оштетувањата во човековата ДНК. Ова значи дека коензимот Q10 во голема мера го редуцира стресот врз нашата ДНК што претставува клучен фактор за забавување на стареењето. Тој заштитува од оштетувања на артериските ѕидови и ги одржува крвните садови силни и витални.

Најдобри природни извори на храна кои содржат коензим Q10:

Коензимот Q10 е присутен во органско одгледувано месо како на пример црн дроб, срце и бубрези. Го има и во рибата, говеда кои се одгледувани на органски начин и хранети со растителна исхрана, дивеч и сл. Од растителните извори- присутен е во јаткасти овошја, семиња и зелјести зеленчуци, но во значително помали количини за разлика од храната од животинско потекло.

Типичната американска диета овозможува внес на приближно 10 мг. на коензим Q10 дневно. За млада индивидуа со силен и здрав дигестивен систем ова е доволно за задоволување на дневните потреби. Како што старееме, нашиот дигестивен систем често ослабува и овој витален нутриент станува дефицитарен во нашиот организам. Во овој случај, суплементацијата со коензимот Q10 е неопходна.

Референци:

1) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3178961/
2) http://medind.nic.in/jac/t13/i1/jact13i1p37.pdf
3) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24389208
4) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3096178/
5) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23477030
6) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23274416
7) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/16443053
8) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9671775
9) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21799249
10) http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3465845/
11) http://www.naturalnews.com

Способност за контрола на нашето тело. Намалете го ризикот од појава на определени заболувања!!! Исхрана по генотип

Генoтип во пракса е група гени која ја поседува една единка, но во овој случај терминот генотип вклучува наша врска со животна средина, влијание на блиско фамилијарно минато и ефекти од нашата пренатална историја.

Од зачнување, детство, младост, зрела старост, преку соодветна исхрана, можеме да ја зајакнеме работата на некои гени, а некои да ги стишаме со што значително можеме да го подобриме здравјето. Всушност, можеме да го промениме однесувањето на нашите гени. Еден дел од таа можност ја има мајката во периодот од 9 месеци пред да се родиме, а голем дел ни припаѓа нам кога ќе се појавиме на свет.

Нашите гени не се фиксен комплет туку динамични и одговараат на влијанијата од надворешната средина, минатото и начинот на исхрана.

Храната влијае на гените. Некои од нас се родени со штедливи гени (гени кои ја ловат секоја калорија и ја складираат во облик на маст). Овие гени треба да се стишaат кога има изобилство на храна. Од друга страна, пак, храна богата со јаглехидрати и прости шеќери ги поттикнува тие гени. Преку внесување на протеини и зголемување на ефикасноста на одговорот на телото на инсулин ги стишуваме штедливите гени. Слично на тоа, некои се родени со реактивни гени кои налагаат нашиот имунолошки систем кога има и најмала закана да реагира. Овие гени предизвикуваат воспаление, оток, болка, зголемување на бројот на бели крвни зрнца и на најмала провокација. Тие допринесуваат до појава на алергии, астма, ревматоиден артрит и др. Исхрана богата со реактивни протеини како што се глутен, лектини (семки, ореви, зеленчук) ја поттикнува нивната работа.

Цел на исхраната по генотип е: гени кои не прават склони кон заболувања да ги стишaме, а гените кои ни помагаат да се чувствуваме здрави и среќни треба да ги поттикнеме.

Исхраната по генотип е создадена за да го репрограмира одговорот на nашите гени.

Не интересираат нашите гени и нивниот одговор на надворешна средина. Особено не интересира нивниот одговор на оние 9 клучни месеци поминати во матката. Тој пакет - нашиот генетски материјал и неговиот пренатален одговор се вика генотип.

Вашата крвна група ја определува само еден ген (1 од 30000 постоечки), тој маркер ни дава огромна количина на информации. Но генотипот, одразува активност на многу други гени а не само на оној кој ја одредува крвната група.

Значи генотипот ја одразува генетика и епигенетиката - интеракција на вашите гени и средината.

Штом ги стишаме погрешните гени можете во својата исхрана да ги вклучите намирниците кои претходно не сте ги толерирале. Кога стимулираните оштетувања на вашите клетки се отстранат, можете да јадете и намирници кои некогаш ви правеле проблем.

Кога се раѓате наследувате еден комплет гени: 1 алела од татко и 1 алела од мајка.

Метилација е еден од начините со кои природатта ги замолчува нашите гени (делови од алелен ген се обложуваат со молекули наречени метилни групи).

Метилацијата се случува во моментот на зачнување во 8 недела од развојот на ембрионот и 1 месец пред раѓање. После тоа се намалува, како старееме нашата ДНК постапно ги губи метил групите. За сега не можеме да го контролираме тоа во моментот на зачнување, но испитувањата покажуваат дека по зачнувањето можеме да поттикнеме нормална метилација на некои гени со правилна исхрана. Правилната исхрана може да предизвика реметилација на различни гени кои сакаме да ги стишаме вклучувајќи ги и штедливите гени, реактивните гени.

Зошто е важна исхраната кај трудниците:

Вашиот генетски потенцијал во време на зачнување го определува распонот на еластичноста на ѕидовите на вашите артерии. Но колку јаки и еластични ќе бидат артериите, зависи од тоа што ќе се случува во матката.

Една добра диета со проитеини и здрави масти ќе ги поттикне артериските гени да направат вашите артерии да бидат поеластични. Од друга страна, ако мајката гладува во текот на бременоста вашите артериски гени мора да се борат за оние малку хранливи материи со гените кои го контролираат растот на другите ткива и органи. Резултатот од таа борба е поголема склоност кон срцеви заболувања и зголемен артериски притисок.

Постојат шест генотипа и тоа:

ГТ-1 ловец пр. за реактивен пристап, брзо реагираат на бектерии и вируси, имун систем претерува со својата реакција и се манифестира како алергија, астма ...

ГТ-2 собирач имаат штедливи гени чија примарна цел е да ја чуваат секоја калорија

ГТ-3 учител – алтруист, подобро поднесуваат бактерии и вируси без манифестирање и симптоми

ГТ-4 истражувач (често леваци, Rh-, асиметрично градени) да се развие искрен и стабилен одговор на промени

ГТ-5 војник – штедливи, но не толку како собирач

ГТ-6 номад селективен имунолошки систем, слаба координација помеѓу имунолошкиот, кардиоваскуларниот и нервниот систем

Генотипот се определува според определени биометриски мерења земајќи ја предвид и фамилијарната анамнеза. Еве некои од показателите кои се користат при определување на геотипот и нивната поврзаност со зголемен ризик на определени заболувања:

1. Дали е подолго торзото или нозете

Однос должина на нозе и труп го одразува нивото на хормони на раст, особено фактори на раст слични на инсулин (IGF-1, IGF2). Низок раст и кратки нозе - зголемен ризик од гојазност и дијабет тип 2 во покасни години, кратки нозе - зголемен ризик од коронарни заболувања, висок раст - зголемен ризик од канцер (особено хормонски зависни како што се рак на дојка, простата) што е во врска со високи нивоа на IGF-1.

2. Должината на прстите на раката e показател за изложеност на полни хормони. Различната дожина на прстите на левата и десната рака е показател за изложеност на стрес.

3. Крвна група и Rh факторот се компоненти за тестирање на степенот на вклопување за определен генотип.

4. Преосетливост на кофеин e показател поврзан со процесот на ацетилација - брзи ацетилатори имаат добра детоксикација, но не ги разградуваат канцерогеите материи од месото, што може да биде причина за појава на рак на дебело црево.

5. Обликот на папиларните линии на прстите:

На пример, 8 улнарни петљи е показател за склоност кон Алцхајмерова болест, конгнитивни пореметувања итн, повеќе од 6 папиларни линии во облик на вртлог е показател за зголемен ризик од рак на дојка, повеќе од три папиларни линии во облик на лак e показател за склоност кон опстипација итн.

ПОДАРОК КАРТИЧКА !!!

Почитувани клиенти,
По повод 10 години на Вита - Микс и SWANSON со вас на нашите почитувани потрошувачи одлучивме да им понудиме 
ПОДАРОК КАРТИЧКА 5 + 1.
Од сега за купени пет производи на SWANSON ( во тек на 3 месеци) добивате 1 производ подарок !!!
Во ПОДАРОК производи ги ставивме оние кои најмногу ги сакате:
- ACEROLA 60 caps.
- CO Q10 30mg. 30 caps.
- ALPHA LIPOIC ACID 50 mg. 60 caps.
- GRAPESEED, GREEN TEA & PINE BARK COMPLEX 60 caps.
- BETA CAROTENE 10 000 IU 100 caps.
Повелете во продажните салони на SWANSON и искористете ја оваа прекрасна можност да добиете ПОДАРОК ПРОИЗВОД !!!
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА ТЕЛ. 02 2 40 33 11 или
070/ 26 86 29,
02 3 221 339 РАМСТОР
043 41 22 46 КАВАДАРЦИ
031 425 705 КУМАНОВО
032 379 170 ШТИП

ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ПОДВИЖНОСТА НА ЗГЛОБОВИТЕ? ТОГАШ ‘РСКАВИЦА ОД АЈКУЛА НЕКА БИДЕ ВАШ ИЗБОР

Photo: ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ПОДВИЖНОСТА НА ЗГЛОБОВИТЕ?
ТОГАШ ‘РСКАВИЦА ОД АЈКУЛА  НЕКА БИДЕ ВАШ ИЗБОР ***

За разлика од другите животни, скелетот на ајкулата скоро целосно е составен од ‘рскавица. ‘Рскавицата од ајкула содржи органски соединенија кои ја надополнуваат човечката рскавица: протеини (албумини), хондроитин сулфат, калциум, фосфор и хијалуронска киселина. Таа содржи и супстанци наречени мукополисахариди кои спаѓаат во групата на карбохидрати и кои демонстрираат антивоспалителни ефекти. Клиничките и лабораториските истражувања покажуваат дека заради овие својства ‘рскавицата од ајкула ги смирува и намалува болките и отоците при остео-артритичните воспаленија и исто така ја зголемува подвижноста на зглобовите. 
Научници од Институтот за Технологија на Масачусетс во една студија објавена во 1983 година покажуваат дека ‘рскавицата од ајкулата го намалува растот на туморозното ткиво бидејки го спречува развојот на крвните садови кои го хранат туморот. 
Рскавицата од ајкула е многу корисна и за спортистите, особено за бодибилдерите бидејки помага во зајакнувањето на зглобовите кои се оптоваруваат при напорни тренинзи.
 
Примена:
 
- Студиите покажуваат дека ‘рскавицата од ајкула може со успех да се применува во превентива на настанувањето на канцер, а во некои случаи и во неговото лекување;
- Го зајакнува човековото тело и го потикнува имунитетот;
- Долготрајно ја ублажува болката и ја зголемува подвижноста на зглобовите;
- Ја храни и одржува ‘рскавицата, го намалува отокот и воспалението на коските и зглобовите и се применува за третман на воспалителните заболувања на зглобовите (ревматски артрити и остеоартрити, метереопатски заболувања);
- ‘Рскавицата од ајкула е многу корисна и за спортистите, особено за бодибилдерите бидејки помага во зајакнувањето на зглобовите кои се опроваруваат при напорни тренинзи;
- Ја зголемува отпорноста на зглобовите, тетивите, лигаментите и мускулите од повреди;
- Ја превенира остеопорозата кај жените во менопауза. 
 
www.swanson.com.mk
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И НАРАЧКИ
НА ТЕЛ. 02 2 40 33 11 или 070/ 26 86 29,
02 3 221 339 РАМСТОР
043 41 22 46 КАВАДАРЦИ
031 425 705 КУМАНОВО
032 379 170 ШТИП

Производите на SWANSON може да ги побарате во -
Сите аптеки на ЕУРОФАРМ
Сите Космо - Тинекс дрогерии
и во сите подобро снабдени аптеки во Македонија

БРУСНИЦА КАЈ УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

Photo: БРУСНИЦА КАЈ УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

Брусницата (Vaccinium Macrocarpon) е зимзелена грмушка која дава темноцрвени плодови и расте во шумите и планините на САД, како и во многу други региони насекаде низ светот.
Медицинската употреба на ова растение е позната со векови-индијанските народи на Американскиот континент го користеле плодот од свежа брусница за лекување на рани и изгореници, а Англичаните ја користеле зготвената брусница за лекување на различни заболувања, како што се: намален апетит, крвни болести, дигестивни и уринарни заболувања и сл.
Брусницата содржи цитрична киселина, флавоноиди, танин, антоцијанини, растителни влакна, висока концентрација на витамин Ц, витамин А и Б, калциум, фосфор и железо. Поради високата концентрација на витамин Ц таа покажува антибактериски и антиоксидантни својства и првенствено се користи за превенција и третман на инфекции на уринарниот тракт.
Антиоксидантните супстанци во брусницата се познати како проантоцијаниди кои спаѓаат во групата на антоцијанозиди. Проантоцијанидите ги превенираат инфекциите на уринарниот тракт со тоа што го спречуваат развојот на бактериите во мочниот меур. Брусницата има антибактериски, антивирален и антигабичен ефект и истражувањата покажуваат дека таа го спречува задржувањето на бактериите во организмот (посебно на E. coli, Proteus, и Helicobacter pylori- бактерија која предизвикува гастритис и чир на желудникот и дванаесетпалачното црево.)
Покрај уринарните инфекции, брусницата може да помогне и кај уринарна инконтиненција (задржување на урината), камчиња во бубрезите и инфекции кои можат да се јават при катетеризација, може да го намали нивото на LDL холестеролот во крвта како и ризикот од кардиоваскуларните и канцерогените заболувања.

Употреба: 
 
- За превенција и третман на инфекции на уринарниот тракт;
- Се препорачува кај акутен и хроничен циститис, уретритис, уринарна инконтиненција, камчиња во бубрезите;
- Го прочистува и го одржува во здрава функција мочниот меур;
- Превентивно се користи за заштита од повторувачки уринарни инфекции.

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ЦЕЛУЛИТОТ – КОРИСТЕТЕ ЦИМЕТ

Photo: ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ЦЕЛУЛИТОТ  –  КОРИСТЕТЕ ЦИМЕТ

Целулитот е проблем кој влијае на 90 % од жените и долгоочекуваното пронаоѓање на лек против целулитот продолжува. Дерматолозите потврдуваат дека циметот буквално го топи целулитот. Исто така е докажано дека екстрактот од цимет го подобрува изгледот на вашата кожа.

Звучи како сон, нели? Но, дерматолозите од Универзитетот во Grenoble велат дека екстракт од цимет е еден од најефикасните отстранувачи на целулитот. Во спроведениот експериментот биле вклучени 80 жени кои го имале овој козметички проблем. А резултатите биле одлични.

Половина од учесниците биле изложени на посебни антицелулитни маски и масажи, додека остатокот од жените биле третирани со екстракт од цимет добиен од сушена кора.

Тоа се покажа дека во втората група, целулитот се намалува за 60%, а само за 10% во првата група.

Неверојатните ефекти на овој зачин се должат на богати концентрација на антиоксиданси и други корисни материи. Екстрактот од цимет ја стимулира регенеративната способност на клетките, го подобрува снабдувањето на хранливи материи и активирање на клетките. Циметот има способност да ја нормализира размената на материи во кожата, што доведува до согорување на повеќе калории и губење на тежината.
Нашиот совет е да го додадете циметот како редовен суплемент во исхраната и да уживате во ефективното отстранување на целулитот.