Топ производи
Производители
Е-информатор
Предходни Производи

Корален калциум 90 капсули

Коралниот калциум е специфична PH балансирана материја која во својот состав природно содржи 73 минерали во трагови, меѓу кои спаѓаат фосфор, манган, калиум, железо, цинк и многу други.
Производител: SWANSON
€0,00

Нарачки на телефон: (+389)(2)2403311

Калциумот сочинува 1,5 до 2% од телесната тежина. Најголемиот процент од калциумот во организмот е лоциран во коските и забите. Тој е од витална важност и помага во растот и развојот на коските и има многу важна улога во многу од ензимските процеси во телото. Овој минерал исто така е потребен како помошно средство за мускулните контракции, згрутчувањето на крвта и регулацијата на срцевите отчукувања. Калциумот е присутен во различни видови храна како што се: млеко и млечни производи, ореви, лешници, соја, целер, спанаќ и др.

Магнезиумот е есенцијален минерал кој е потребен на секоја клетка во човековото тело. Овој минерал помага во забавување на стареењето, при нормализирање на холестеролот во крвта, ја одржува срцевата работа. Неопходен е за цврст и правилно развиен коскен систем, помага во подобрување на функциите на мускулите и нервите.

Витаминот Д е примарен регулатор на калциумот во организмот и е од витална важност за правилен раст и развој на коскениот систем и за минерализација и зацврстување на коските.

Овој производ ги соединува коралниот калциум, магнезиум и витамин Д во извонредна формула која помага во хранење и одржување на скелетно-мускулниот систем. 

Употреба: Како додаток во исхраната, се зема 1 капсула 3 пати дневно со вода и храна. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Дoдатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца. 

Тагови
Корисните кои го нарачаа овој производ истотака нарачаа

Ашваганда 450 мг 100 капсули

Ашваганда (лат.Withania somnifera) или т.н. зимска цреша е една од престижните и витално важните билки во Ајурведската медицина која старите хиндуси ја користеле уште пред 2000 години.
€0,00