Manufacturers
Community poll
Do you like nopCommerce?

За Нас

Компанијата Swanson Health Products е основана во 1969 год. и е реализација на сонот на еден човек да донесе здравје и благосостојба во светот. Денес, Swanson Health Products го продолжува овој сон и има милиони потрошувачи во САД, Европа и ширум светот кои се свесни за скапоценоста на здравјето, како и за производите кои ни помагаат во неговото зачувување и одржување.
Основниот принцип на функционирање на оваа компанија вели:
 
„Доброто здравје и задоволството на нашите ценети потрошувачи се нашата главна мисија и задача.”
 
Swanson Health Products произведува и дистрибуира широка палета на нутриционистички додатоци како што се: витамини, минерали, олигоелементи, антиоксиданти, производи од лековити билки, производи од животинско потекло, аминокиселини, хомеопатски средства, есенцијални масни киселини, ензими, ајурведски, вегетаријански, спортски и козметички производи  и многу други видови продукти. 
 
Производите на Swanson Health Products се од органско потекло и се со загарантиран квалитет и чистина. Тие се сертифицирани од ФДА (Food and Drug Administration) Институтот во САД и имаат „А” Класа или врвна класа во ГМП (Good Manifacturing Practices) - организацијата која го репрезентира и штити највисокиот квалитет на суровини, индустриско производство и комерција на нутриционистички додатоци во САД, Кина, Европа и ширум светот.  
Оваа „А” Класа означува дека сите производи кои се маркирани со брендот на Swanson се произведени во согласност со најновите технолошки, нутриционистички и биолошки достигнувања на експертите и се едни од врвните висококвалитетни диететски додатоци во светот.
 
Благодарение на Вита-Микс ДООЕЛ, овие производи се достапни и во Македонија.
 
Newsletter