Услови за користење

ПОЛИТИКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА

 Со самиот пристап на интернет страницата www.swanson.com.mk и при нарачка на производите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

 www.swanson.com.mk ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Глобко Логистик Скопје на адресата која е наведена во нарачката.

 Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Доставата на производите е на терет на www.swanson.com.mk  , односно испораката е БЕСПЛАТНА.  

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

www.swanson.com.mk  не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

www.swanson.com.mk  ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби.

Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. www.swanson.com.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

www.swanson.com.mk ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. www.swanson.com.mk за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

Е-информатор